Дома Трансфер зона Ливерпул се вклучи во трката за Милинковиќ-Савиќ

Ливерпул се вклучи во трката за Милинковиќ-Савиќ

Ливерпул сериозно се вклучи во трката за српскиот репрезентативец и ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио ќе мора да го продаде на лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се твредеше дека Лацио за неговата слобода минатото лето барал 100 милиони евра, но „Газета дело Спорт“ пренесува дека сега неговата цена драстично паднала.

Милинковиќ-Савиќ влегува во последната година од договорот, па Лацио е спремен да го пушти за 55 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.

Ливерпул сака да ја победи конуренцијата, бидејќи Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска, а верува дека Милинковиќ-Савиќ одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…