Дома Трансфер зона Ливерпул е фаворит за потписот на Рамзи

Ливерпул е фаворит за потписот на Рамзи

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените“ од „Енфилд“ се големи фаворити за потписот на ѕвездата на Арсенал, Арон Рамзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


27-годишниот играч за врска одби да го продолжи договорот со „топџиите“ и на лето ќе го напушти клубот како слободен агент, а траката за неговиот потпис веќе започна.

За Велшанецот силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, но Ливерпул моментално е во пол-позиција за неговиот потпис.

Арсенал ќе се обиде да го продаде Рамзи во јануарскиот преоден рок за да заработи на неговото заминување, а Ливерпул е спремен да плати симболична сума за да го добие шест месеци пред истектот на договорот.

Доколку се реализира овој трансфер тоа ќе биде вториот играч на Арсенал кој се сели на „Енфилд“, после Алекс Окслејд – Чемберлејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…