Медиумите најавуваат напад на офанзивци од страна на ПСЖ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пари Сен Жермен според некои информации би можел да го бара Умтити како дел од договорот за Нејмар. Меѓутоа Барселона нема четврт стопер, а и самиот Французин нема премногу желба да си замине од Каталонија.
Од друга страна Барса сака да се ослободи од Кутињо во тој случај понудата би бил околу 100 милиони евра и поранешниот играч на Ливерпул.
Кутињо нема ништо против да замине бидејќи тешко ќе добие шанса да игра. Покрај овој Бразилец, Леонардо има идеја да го ангажира и неговиот сонародник од Гремио, Евертон.
Се обидуваше Леонардо да го доведе и додека беше спортски директор во Милан, но клубот од Порто Алегре бараше 45 милиони евра за момчето кој беше играч на натпреварот во финалето на Копа Америка и постигна три гола во ова натпреварување.
Сега цената за 23 годишниот офанзивец би можела да биде поголема.