Дома Трансфер зона Легендата на Валенсија низ солзи: Избркан сум од мојот дом ?

Легендата на Валенсија низ солзи: Избркан сум од мојот дом ?

Легендата на Валенсија, Дани Парехо го напушта клубот во кој мина девет години, а на емотивен начин се збогуваше со фановите и од „Месталја“.

Парехо последните неколку сезони беше капитен на клубот, а на „Месталја“ стигна во 2011 година од Хетафе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот фудбалер постигна 64 гола на 383 натпревари за шпанскиот тим.

„Овој клуб е мојот живот и сакав во него да ја завршам кариерата, но тоа не е можно. Секогаш зборував дека имам два дома во Валенсија, едниот во кој живеам и вториот е Месталја, а сега останав без еден од нив, избркан сум од мојот дом. Мојот син не може да разбере дека нема повеќе да го носам дресот на Валенсија. Се обидов да му објаснам, но залудно…“, вели Парехо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…