Легендарниот фудбалер на Арсенал, Јан Рајт го советуваше крилниот фудбалер на овој клуб, Тео Волкот да го напушти клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во новата сезона Волкот не добива премногу простор за игра, во главно шанса добива во помалку важните натпревари, а помеѓу оние кои го советуваа да го напушти клубот беше и легендата на Арсенал Јан Рајт.
Рајт смета дека Волкот би можел да ја оживее својата кариера, но дека е му е потребен клуб каде што ќе има повеќе простор за игра.
„Не сум сигурен што може да постигне Волкот доколку настапува само во Лига купот и Лигата на Еверопа. Мој совет е да премине во клуб каде што ќе има повеќе простор за игра“, изјави Рајт.
Интерес за доведување на Волкот изминатите месеци покажаа Кристал Палас, Вест Хем, Евертон и Саутемптон.