Дома Фудбал Италија Легендарниот „Сан Сиро“ ќе се руши: Клубовите добија „зелено светло“ за новиот стадион

Легендарниот „Сан Сиро“ ќе се руши: Клубовите добија „зелено светло“ за новиот стадион

Интер и Милан се блиску до реализацијата на нивниот проект за изградба на нов стадион, откако локалниот совет на Милано одлучи дека стадионот „Сан Сиро“ не е културно релевантен споменик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милан и Интер минатата година поднесоа барање за изграба на нов стадион со капацитет од 60.000 места на истата локација на која се наоѓа „Сан Сиро“.

Според документите кои ги објави весникот „Ла република“ се дава оценка на локалниот совет дека сегашниот стадион не е „културно релевантен за градот Милано“.

Тоа значи дека миланските клубови добија „зелено светло“ за рушење на легендарниот стадион и почнување на изградба на новиот стадион.

Новиот стадион и целиот комлект би требало да чини неверојатни 1,2 милијарди евра, ќе биде ултрамодерен, а клубовите очекуваат да биде готов до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…