Дома Останати Легендарниот Мо Фарах најави крај на кариерата

Легендарниот Мо Фарах најави крај на кариерата

Британската атлетска ѕвезда, Мо Фарах после шокантниот пораз на трката „Виталити Лондон“ на 10.000 метри која се трчаше во британската престолнина изјави дека сериозно размислува за завршување на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Четирикратниот олимписки победи кој освои злато на 5.000 и 10.000 метри на ОИ во Лондон и Рио изгуби од малку познатиот британски атлетичар Елис Крос зад кого заостана четири секунди.

„Изгледа дека дојде време да се соочам со фактот дека доаѓа крајот на мојата кариера на најважните натпреварувања. Се обидувам да бидам искрен со вас и мислам дека тоа е тоа. Телото мора да биде спремно за напорите, а јас не сум повеќе млад и имам многу работа за да дојдам во форма“, изјави Фарах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…