Дома Фудбал Англија Легендарниот Батистута дебитира како тренер и тоа во Англија?

Легендарниот Батистута дебитира како тренер и тоа во Англија?

Славниот аргентински фудбалер тренерското деби би можел да го има Англија.

Габриел Батистута наскоро може да започне тренерска кариера и тоа во Англија. Тој заврши училиште за „А“ лиценца и изгледа дека нема да има проблеми да пронајде нов ангажман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите на Островот пишуваат дека популарниот „Батигол“ е мета на Миделсброу кој остана без тренер. Тони Пјулис го напушти клубот бидејќи не успеа да се избори за плејоф за влез во Премиер лигата со овој тим, Миделсбороу оваа сезона во Чемпионшип ја заврши на седмата позиција.

Како кандидати за тренерското столче освен Батитуста се истакнуват, Крис Хјутон кој доби отказ во Брајтон иако избори опстанок со овој клуб, Холанѓанецот Рејзигер од вториот тим на Ајакс, Фил Невил, Артета и Кембел. Меѓутоа медиумите најавуваат дека Батистута засега има најголеми шанси да го наследи Пјулис.

Засега не се познати повеќе детали како финансиската понуда и времетраењето на договорот и тие се очекуваат наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…