Во првите натпревари од вечерашната програма Леверкузен оствари голема победа во Москва, додека Бриж во судиско продолжение стигна до бод против Галатасарај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Леверкузен оствари голема победа на гостувањето кај Локомотив и се искачи на третото место на табелата. „Фармацевтите“ среќно дојдоа до водство после бизарниот автогол на домаќините, а со тој резултат се замина на одмор.
Бендер во 54-та минута постигна фантастичен погодок со кој ја потврди победата на „фармацевтите“.
Клуб Бриж дојде до бод на гостински терен против Галатасарај и тоа со гол во 92-та минута. Домаќините рано дојдоа до водство, со голот на Бујук во 11-та минута. Меѓутоа, гостите од Белгија не се предодоа, создадоа неколку убави шанси, а конечно до гол стигнаа во судиското продолжени кога Диата погоди за реми, а потоа добуи и црвен картон.