Дома Трансфер зона Леверкузен го демантира трансферот на Хаверц: Тоа се глупости

Леверкузен го демантира трансферот на Хаверц: Тоа се глупости

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер категирично ги демантираше информациите дека е договорен трансферот на Каи Хаверц во Челзи.

Утрово се појавија информации дека Леверкузен ја прифатил понудата од Челзи од 80+20 милиони евра и дека трансферот на Хаверц е само прашање на време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еминентниот „Билд“ исто така информираше дека двата клуба ги договараат последните детали од трансферот, не сега Леверкузен ги демантираше таквите наводи.

„Тоа се глупости“, кратко прокоментира Фелер за „Кикер“.

Не е тајна дека Хаверц веќе има договор со Челзи и дека двата клуба преговараат за трансфер, па останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата после ваквата изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…