Роберт Левандовски игра во животна форма и во овој момент е прв стрелец во Бундес лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одличниот полски голгетер постигна 16 голови на 13 натпревари во Бундес лигата, а 10 голови постигна на пет натпревари во Лигата на шампионите. Баерн може да биде среќен што го има долги години во своите редови, но интересно е што кога играл во Полска Лева бил понуден на Баер Леверкузен.
За таа ситуација зборуваше агентот на Левандовски Маик Бартхел кој одлучи да се пошегува на сметка на Левадовски после победата на „Аптекарите“ во Минхен (2:1).
Бартхел напиша дека скаут службата на Баер одбила да го претстави Левандовски на клубот со зборовите дека не е доволно добар за Бундес лигата.
Во тоа време Левандовски настапуваше во Лех во Полска.