Дома Фудбал Германија Левандовски веќе одбил две понуди?

Левандовски веќе одбил две понуди?

Сагата околу иднината на Роберт Левандовски е далеку од завршена и не е сигурно дали тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кристијан Фалк, новинарот на германски „Билд“ во подкастот „Баерн Инсајдер“ изнесе интересни информации. Според неговите зборови Левандовски одбил понуди од ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Наводно, сега Левандовски ќе се насочи кон Барселона и ќе ја разгледа нивната понуда. Изгледа агентот на Левандовски, Пини Захави го припрема теренот за спектакуларен трансфер, а полскиот голгетер би можел да заигра во шпанската лига.

Истовремено тешко е да се разбере Баерн кој се уште не започнал преговори со полскиот напаѓач. Германските медиуми веќе пишуваа дека гигантот од Минхен кон својата легенда се однесува без почит и тоа може скапо да ги чини.

Фалк потенцира дека ако преговорите помеѓу Баерн и Левандовски дефинитивно не бидат отворени или пропаднат, тогаш Левандовски би започнал преговори со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Турција го објави списокот за натпреварот со Македонија, тука се ѕвездите на Интер, Реал и Јуве!

Селекторот на Винченцо Монтела денеска го соопшти поширокиот список на фудбалери на репрез…