Дома Фудбал Останато Лев даде јасен одговор вечното прашање: Роналдо или Меси?

Лев даде јасен одговор вечното прашање: Роналдо или Меси?

lev

До почетокот на Светското првенство останаа само уште 19 денови, а припремите за најголемото фудбалско случување веќе на големо се започнати.

Селекторот на актуелиот светски шампион Германија, Јоаким Лев даде изјава во која помеѓу останатото зборуваше за Кристиано Роналдо и Лионел Меси. Селекторот на Германија директно одговори кој од нив двајца според него е подобар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ќе останам на мислењето дека Меси е подобар. Роналдо е сензационален, голем професионалец и неверојатна машина за голови веќе неколку години. Сепак, едноставно Меси е најкомплетен играч кој некогаш сум го видел“.

„Асистенциите на Меси се генијални и во последните десет сезони секогаш постигнува околу 50 погодоци, но исто така има и барем 30 асистенции, за мене тоа е неверојатно. Да бидеш комплетен мораш да имаш повеќе од постигнувањето голови“, изјави Лев.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…