Дома Фудбал Италија Леао: Саудиска Арабија? Лигата на шампиони вреди повеќе од нивните милиони

Леао: Саудиска Арабија? Лигата на шампиони вреди повеќе од нивните милиони

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао го кажа своето мислење за фудбалските ѕвезди кои летово се преселија во Саудиска Арабија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Леао ова лето реши да остане во Милан и го продолжи договорот со „росонерите“, а сега откри зошто донел таква одлука.

„Верувам дека клубот е на вистински пат, успеавме да стигнеме до полуфиналето на Лигата на шампионите, и сега целта мора да биде да продолжиме да растеме, да носиме засилувања, да бидеме посилни. Сигурен сум дека Милан наскоро повторно ќе ја освои Лигата на шампиони, што е нашата главна цел. За мене, јас сум млад и сакам да освојувам големи работи со Милан. Имам одиграно над 20 меча во Лигата на шампионите, така што имам искуство“, изјави Леао.

„Сакам следните две три години да освојам големи работи со Милан. Не сум подготвен да одам во саудиската лига. Во последно време парите се пресудни, но за мене Лигата на шампиони е поважна од плата од 10 милиони евра, на пример“, заклучи Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…