Дома Фудбал Италија Леао не размислува за трансфер: Мојата иднина е во Милан

Леао не размислува за трансфер: Мојата иднина е во Милан

Ѕвезда на Милан, Рафаел Леао на претставувањето на својата автобиографија изјави дека неговата иднина ја гледа на „Са Сиро“.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Леао пред неколку месеци стави потпис на нов договор, но на лето за него понуди спремаат ПСЖ и Барселона, кои го сакаат во своите редови.

„Не можев да го напуштам Милан, тие секогаш беа тука за мене, дури и во најтешките моменти од мојот живот. Продолжувањето на договорот беше логична одлука и многу сум среќен. Мојата иднина е во Милано“, изјави Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк за Ираола: Пораката од новиот тренер е едноставна и јасна

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ги сподели своите впечатоци од работата со тренеро…