Maнчестер Јунајтед долго време се обидува да го доведе Френки Де Јонг од Барселона, се пишуваше и дека двете страни се блиску до договор. Сепак како што стојат работите трансфер нема да има.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја затвори вратата за можен трансфер на Де Јонг кај Ерик Тен Хаг со кого соработуваше во Ајакс.




„Де Јонг е фудбалер на Барселона и се додека не сме принудени и немаме интерес тој не е на продажба. Во овој момент ние не сакаме да го продадеме“, порача Лапорта во разговорот за „Би-Би-Си“.




Претходно се пишвуаше дека и самиот фудбалер не е заинтересиран многу за заминување.




„Знаеме дека за Де Јонг има понуди и ако во некој момент сме заинтересирани да разговараме за негова продажба ќе ги разгледаме“, заврши првиот човек на Каталонците.