Дома Фудбал Англија Oваа реакција на Ван Дајк најдобро го покажува карактерот на Ливерпул (ВИДЕО)

Oваа реакција на Ван Дајк најдобро го покажува карактерот на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливрпул претходниот викенд беше блиску до првиот пораз во Премиер лигата оваа сезона.

„Црвените“ гостуваа на Астон Вила и се до 86-тата минута имаа негатива, но на крајот сепак успеаа да победат. Енди Робертсон изедначи, а Садио Мане погоди за пресврт и победа од 1:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така Ливерпул по 35-ти пат во историјата на Премиер лигата стигна до победа во судиското продолжение, десет пати повеќе од било кој друг тим во елитниот ранг на англискиот фудбал.

Од почетокот на сезоната за Ливерпул тоа беше петти пат да постигнат гол на истекот на времето и тоа доволно зборува за карактерот на овој тим.

Во тунелот на „Вила Парк“ откако се заврши натпреварот Ван Дајк покажа дека бил сигурен во победата на неговиот тим.

Стоперот на лидерот на табелата имаше прилично ладнокрвна реакција.

„Тоа е она што го правиме“, прозборе Холанѓанецот додека камерата го снимаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…