„Газета дело Спорт“ пренесува дека Филипе Кутињо би можел да се пресели во Лацио, бидејќи Барселона е спремна да ја плаќа половината плата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кутињо е „вишок“ во Барселона, која се обидува значително да ги намали трошоците за плати. Меѓутоа, до сега ниту еден клуб не е спремен да го доведе Бразилецот поради неговата висока плата.
Кутињо бил понуден уште на Милан и Наполи, но Лацио покажува најсилен интерес.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Барселона се согласила да ја плаќа половина од платата на играчот, што му одговара на Лацио.
Сепак, италијанскиот клуб сака прво да го продаде Кореа, а на негово место да го доведе Кутињо.