Ливерпул сезонава ги собира плодовите од долгогодишната работа на Јирген Клоп, неговото заминување беше еден од најтешките моменти во периодот на Германецот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кутињо направи трансфер во Барселона, но никогаш не ја врати формата од Ливерпул, ниту во Барса, а не покажува многу и сега во Баерн.
Сепак, Бразилецот не жали што заминал од „Енфилд“.
„Не гледам назад. Тргнав под друг пат и на друго патување. Како и сите сконцентрирам сум на остварување на соништата. Среќен сум поради тоа што го направив во минатото и гледам само напред. Не жалам што го напуштив Ливерпул“, изјави Кутињо.
Кутињо се радува поради добрите резултати на неговиот поранешен клуб.
„Ливрпул лета и тоа не ме изненадува. Видовме дека се фантастичен тим кога ја освоија Лигата на шампионите, навистина јас не сум изненаден“, порача бразилскиот играч.