Дома Трансфер зона Кутињо е отпишан во Барселона: Три клуба од Премиер лигата во трка за неговиот потпис

Кутињо е отпишан во Барселона: Три клуба од Премиер лигата во трка за неговиот потпис

Бразилецот Фелипе Кутињо е отпишан во Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Кутињо изминатата година ја помина на позајмица во Баерн кој вложи големи напори за да го доведе. Меѓутоа во Минхен Кутињо не покажа премногу и Баерн нема да го откупи неговиот договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако во изминатите денови имаше гласини дека може да добие нова прилика во Барселона која скапо го плати во јануари 2018 година медиумите во Шпанија пренесуваат дека Кутињо сепак не е во плановите на Сетиен за наредната сезона.

Каталонците му дале до знаење на Кутињо дека не сметаат на неговите услуги и за таа одлука наводно биле известени Тотенхем, Арсенал и Њукасл кои покажуваа интерес да го доведат. Се шпекулира дека некој од клубовите може да го доведе Кутињо на едногодишна позајмица со што би ја превземал неговата плата од 11 милиони евра.

Ќе потсетиме Барселона за Кутињо во 2018 годин плати 145 милиони евра. Таа сума Кутињо никогаш не успеа да ја оправда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …