Дома Македонски спорт Мак баскет Купот почна со сензација: Академија ФМП го победи Пелистер и се избори за полуфинале

Купот почна со сензација: Академија ФМП го победи Пелистер и се избори за полуфинале

Maкедонскиот кошаркарски куп започна со сензационална победа на Академија ФМП од 100:98 против Пелистер.

Академија ФМП водеше од самиот почеток на мечот, Пелистер успеа да поведе дури пред паузата (48:47), а потоа следуваа неколоку поени во низа за водство на битолскиот тим од 57:53.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голема битка гледавме во второто полувреме, во третата четвртина видовме неколку пресврти за на крајот во последната четвртина Академија ФМП да влезе со предност од 80:77. Пелистер со неколку поени на Кесар брзо дојде до водство од 83:80 во последните 10 минути, а ФМП благодарение на Стојановски ја врати предноста.

Драмата и борбата траеа до самиот, ФМП го доби мечот со 100:98. Игор Кесар кај Пелистер беше најефикасен со 31 поен, додека Крстајиќ постигна 29 поени на спротивната страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…