Францускиот репрезентативец, Жил Кунде летово ја засили Барселона, но мораше да почека за дебито во новата средина затоа што клубот имаше проблеми да го регистрира.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако се беше завршено Кунде веднаш доби место во почетниот состав на Каталонците и тоа во вчерашниот натпревар против Ваљадолид кој Барселона го доби со 4:0. Дефанзивецот ги одигра комплетните 90 минути и се прикажа во одлично издание.




По натпреварот испрати јана порака за неговите цели.




„Дојдов тука да освојувам титули и да продолжам да напредувам. Среќен сум за победата. Добро е за тимот што започна да стекнува самодоверба“.




Имаше Кунде пофалби и за Левандовски.




„Левандовски е напаѓач кој има се и тоа го покажува со своите голови и играта на теренот. Дефинитивно е еден од најдобрите во светот“, изјави Кунде.