Дома Фудбал Куман: Реал Мадрид е супериорен во однос на Барселона

Куман: Реал Мадрид е супериорен во однос на Барселона

Поранешниот тренер и легенда на Барселона, Роналд Куман го сподели своето мислење за Реал Мадрид и Барселона пред почетокот на новата сезона во Ла Лига.

Неговото мислење воопшто нема да им се допадне на навивачите  на Барселона, бидејќи Куман тврди дека Реал е супериорен во многу аспекти.

Реал Мадрид минатата сезона ги освои Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига, додека Барселона целосно разочара.

„Реал на многу начини е супериорен во однос на Барселона. Знам дека Барса има многу млади играчи како Ламин, Педри и Гави, но им треба некој како Мбапе покрај кого тие играчи ќе се развиваат“, кажа Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал го потресе фудбалскиот свет со изјавата за „Златната топка“

Ламин Јамал предизвика бројни реакции по неговата изјава за Златната топка која секоја год…