Дома Фудбал Куман „преживеа“ денес, но има последна шанса

Куман „преживеа“ денес, но има последна шанса

Роналд Куман остана на кормилото на Барселона, откако денес раководството на клубот не се договори за одлуката да му биде врачен отказ, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Куман доби последна шанса во дербито против Атлетико Мадрид кое на програмата е во сабота во Мадрид. Ако и во тој меч Каталонците не одиграат добро, тогаш Холанѓанецот со сигурност ќе биде отпуштен.

Уште синоќа после поразот од Бенфика (3:0), директорите на Барселона свикаа итна средба, која се одржа попладнево.

Евентуалниот отказ на Куман ќе го чини клубот 12 милиони евра, па поради тоа сите директори не беа едногласни за негов отказ и Холанѓанецот доби уште една шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: Да, можам да потврдам дека разговараме

ЈИРГЕН КЛОП (59) потврди дека води преговори за преземање на селекторската позиција на гер…