Дома Фудбал Лига на шампиони Критики за Симеоне: Време е да замине, во секој натпревар голманот им е главна ѕвезда

Критики за Симеоне: Време е да замине, во секој натпревар голманот им е главна ѕвезда

Aтлетико Мадрид вчера испадна од Лигата на шампионите откако во Лисабон со 2:1 беше поразен од германски Лајпциг.

Лајпциг го победи Атлетико со головите на Дани Олмо и Тајлер Адамс и така само 11 години по основањето стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најзаслужните, можеби и најзаслужен за овој успех на Лајцпиг е 33 годишниот стратег Јулијан Нагелсман кој создаде воигран и силен тим. Шпанските медиуми по поразот на Атлетико „удрија“ по Симеоне.

Посебно жестоки кон Симеоне беа од „Марка“.

„Никој во историјата на Атлетико не направи повеќе од Диего Симеоне. Одлично го водеше клубот и го претвори во европска сила. Сигурно дека никој поле него никој нема да изгледа како толку добар претставник на Атлетико, меѓутоа се во животот завршува, па така и неговото време во клубот помина“.

„Барселона Кројф, Милан на Саки, Реал на Дел Боске, Јунајтед на Фергусон…Се се заврши, сега дојде крајот и на Атлетико на Симеоне. Атлетико го изгуби духот и со месеци не игра ништо. Стана клуб во кој во секој натпревар најголема ѕвезда им е голманот. Време е Симеоне да замине“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Англичаните укинаа едно правило и ги израдуваа сите клубови

ФА Купот е натпреварувањето со најдолга традиција во Англија. Ова натпреварување се игра в…