Дома Македонски спорт Мак фудбал Кризата во Битола продолжува: По тренерот од Пелистер си заминува и еден од најстандардните сезонава!

Кризата во Битола продолжува: По тренерот од Пелистер си заминува и еден од најстандардните сезонава!

На битолски Пелистер сезонава не му оди во македонската прва лига и се најсериозниот кандидат за преселба во втората лига затоа што после 12 кола се уште немаат победа (8 порази, 4 нерешени).

Пред само неколку дена од клубот си замина тренерот Димитар Капинковски, а сега како што стојат работите има заминување и од играчкиот кадар. Според фотографијата објавена на социјалните мрежи си заминува еден од поважните играчи Хозе Домингез.

Домингез сезонава во најголем дел од почетокот на сезоната беше стандарден, а на последните три натпревари ги одигра сите 90 минути.

Пелистер пред почетокот на сезоната се мачеше со финансиски проблеми и едвај оформи тим, изгледаше дека работите одат на подобро, но очигледно не е така, па ситуацијата можеби и се влошува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…