Дома Фудбал Крајот на Бартомеу е се поблиску

Крајот на Бартомеу е се поблиску

Со секој изминат ден претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу се приближува кон крајот на својот мандат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Започнатата иницијатива за свокување предвремени избори готово сигурно ќе даде резултат, бидејќи веќе се верификувани 94% од неопходните 16.520 потписи  на официјални членови на клубот.

На 17 септември беа предадени 20.687 собрани потписи, а веќе неколку дена специјална комисија ги разгледува. До денес потврдени се 15.557 потписи и во следните денови се очекува да бидат официјално потврдени сите потребни потписи.

Ако бидат собрани потребните потписи, што е извесно, уште овој месец ќе биде повикан референдум и ќе му се гласа доверба на претседателот Бартомеу.

За да биде успешен референдумот две третини од 150.000 членови треба да гласаат „ЗА“ промена на претседателот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар емотивно се збогуваше: Тука крварев, го дадов својот живот, но веќе нема да ме има во Бразил

Најдобриот стрелец во историјата на Бразил, Нејмар Жуниор, потврди дека повеќе нема да игр…