Дома Македонски спорт Мак баскет Кошаркарките 38. во Европа и 75. во светот

Кошаркарките 38. во Европа и 75. во светот

Бележиме пад за две позиции во однос на претходното рангирање

На првиот ден од месец март ФИБА го објави и најновото рангирање во женска конкуренција. Вклучени беа настаните поврзани со одигрување на два квалификациски „балони“ кои ги организираше Светската кошаркарска федерација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не баш поволни за нашата сениорска селекција која забележа два порази на турнирот во Рига, додека пак во февруари, поради присуство на корона-вирусот, нашата федерција мораше да го откаже учеството на сениорките на вториот турнир во Летонија.

Согласно со тоа, бележиме пад од две места во актуелниот светски и европски поредок. Со 83.6 освоени бодови, Македонија е поставена на 38. место во европскиот ранкинг, а на 75. место во оној глобален рејтинг кој го креира ФИБА.

Селекциите на Шпвајцарија, Унгарија, биХ и Бугарија бележат најголем напредок од оние европски земји на листата на која убедливо води САД со 832.9 бода, пред Австралија (714.5) и Шпанија која има 690.5 бода во рангирањето.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…