Јувентус е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт и српски репрезентативец, Филип Костиќ , пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Костиќ беше блиску до трансфер во Вест Хем, но откако Јувентус се вклучи во трката тој избра да се пресели во Торино.




Агентите на крилниот фудбалер постигнаа комплетен договор со „старата дама“, а двата клуба ги договараат последните детали.




Според информациите трансферот ќе чини 15 милиони евра со вклучени бонуси, а Костиќ утре треба да пристигне во Торино на лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.