Дома Фудбал Италија Костакурта: Леао и Дијас се меѓу најдобрите во Европа

Костакурта: Леао и Дијас се меѓу најдобрите во Европа

Легендата на Милан, Алесандро Костакурта остана импресиониран од победата на „росонерите“ над лидерот Наполи (0:4).

Костакурта, кој сега работи како ТВ аналитичар, посебно е импресиониран од начинот на кој играле „росонерите“ во Неапол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Притоа, тој посебно ги повали Леао и Брахим Дијс, кои според него се еден од најдобрите тандеми во Европа.

„Импресиониран сум од Милан, не само од високата победа, туку и од начинот на кој играше против Наполи. Леао покажа дека може да биде голем шампион, сега треба да почне да прави разлика и во Лигата на шампиони“.

„Брахим Дијас исто така многу порасна и игра фантастично. Според мене тандемот Леао – Дијас е еден од најдобрите во Европа и Милан мора да направи се за да ги задржи“, изјави Костакурта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Звучи неверојатно, но ова на Перез никогаш не му успеало во Реал Мадрид

Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси н…