Дома Трансфер зона Контроверзниот романски газда „отпиша“ играч после 45 минути: Не е на наше ниво

Контроверзниот романски газда „отпиша“ играч после 45 минути: Не е на наше ниво

Еден од најпознатите фудбалски диктатори повторно го шокираше светот. Овој пат пресуди на својот нов играч и тоа после само 45 минути игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Романската ФКСБ, односно поранешна Стеауа за новата сезона го доведе 32 годишниот чешки напаѓач Зденек Ондрашек. Тој го одигра второто полувреме од пријателскиот натпревар против Ботошани, а за контроверзниот сопственик Џиџи Беакали тоа беше сосема доволно да го „отпише“.

Романскиот новинар Емануел Росу ги пренесе неговите зборови во живо на ТВ пренос.

„Го гледав Ондрашек 45 минути. Тој не е играч за нашиот тим, не е на потребното ниво“, биле зборовите на Бекали.

Сега не е познато дали ова значи дека клубот експресно ќе го продаде чешкиот напаѓач или едноставно ќе го забетонира на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…