Интер игра одлично оваа сезона и се покажа како вистински конкурент на Јувентус за освојување на титулата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради тоа Антонио Конте сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а „критични“ се неколку позиции.
Покрај нов напаѓач, Конте сака во својот тим да го донесе и играчот на Аталанта, Робин Гозенс.
Играчот кој е роден во Германија игра фантастично оваа сезона на позицијата „фул бек“ и е идеален за формацијата 3-5-2 која ја практикуваат „нероаѕурите“.
Од почетокот на сезоната Гозенс има постигнато 4 гола и 2 асистенции на 11 меча во Серија А. Конте на таа позиција ги има Асамоа и Бираги, но во Гозенс гледа долгорочно решение.
25-годишниот Гозенс има холандско и германско државјанство, но до сега немал повик од ниту една репрезентација.