Дома Фудбал Лига на шампиони Конте: Сакам да ја освоиме Лигата на шампиони, но треба да бидеме реални

Конте: Сакам да ја освоиме Лигата на шампиони, но треба да бидеме реални

Тотенхем утре ќе го пречека Милан во реваншот од осминафиналето на ЛШ и има негатива од еден гол (1:0).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Конте изјави дека неговиот тим ќе мора да одигра одличен меч за да победи со два разлика, бидејќи игра против италијанскиот шампион.

„Живееме за вакви моменти затоа што кога притисокот се зголемува, тоа значи дека вашето ниво расте. Не заборавајте дека минатата сезона игравме во Конференциската лига. Оваа сезона играме во Лигата на шампионите. Ја освоивме нашата група и утре имаме можност да го победиме Милан и да одиме во следната фаза. Но, тоа воопшто нема да биде лесно, играме против шампионот на Италија“, изјави Конте.

„Ако ме прашате дали сакам да ја освојам Лигата на шампионите, би рекол да, но да бидеме реални. Мора да одиме натпревар по натпревар. Најпрво мора да научиме како да се справуваме со притисокот“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Се огласи УЕФА: Еве зошто Арсенал не добил втор пенал против Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Арсенал играа нерешено во првиот меч од полуфиналето на Л…