Дома Трансфер зона Конте навистина сака да си оди? Оваа понуда ќе го покаже тоа!

Конте навистина сака да си оди? Оваа понуда ќе го покаже тоа!

Вчера одекна информацијата дека италијанскиот стратег, Антонио Конте сака да ја напушти екипата на Челси поради слабата финансиска помош од Роман Абрамович во трансфер периодот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако тие информации многу брзо беа демантирани, а Абрамович наводно му гарантирал 250 милиони фунти на Конте за засилувања, управата на ПСЖ сепак сака да ја расипе целата ситуација.

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, ПСЖ не е задоволен од својот тренер, Емери и сака на неговото место да го види токму Конте. Подготвени се да му гарантираат останвуање на фудбалерот Марко Верати, и исто така големи пари за нови трансфери.

Секако, освен ПСЖ, за услугите на Конте заинтересирана е екипата на Интер. Сепак, најреална опција во овој момент е останување во Челси.

Потсетуваме, Италијанецот минатата сезона ја освои Премиер лигата со Челси, а следната сезона планира да ја нападне и Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…