Дома Трансфер зона Конте и Клоп во трка, кој ќе стигне прв до ѕвездата на Порто?

Конте и Клоп во трка, кој ќе стигне прв до ѕвездата на Порто?

Како што пренесува португалската „А Бола“, младиот Португалец кариерата би можел да ја продолжи во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клоп и Конте наводно покажале голем интерес за 20 годишниот член на Порто, Рубен Навеш.

Талентираниот Португалец од почетокот на својата професионална кариера настапува за Порто, ги помина сите младински категории на селекцијата на Португалија, а запиша и два настапи за сениорите.

Според медиумите, Навеш сега е на чекор од Премиер лигата, а претставници на Ливерпул и Челзи веќе стапиле во контакт со управата на Порто во врска со трансферот на младиот фудбалер.

Се очекува клубот од „Драгао“ за неговите услуги да бара 30 милиони фунти.

Навеш запиша 90 настапи за Порто, а стана најмладиот капитен во историјата на клубот кога ја носеше капитенската лента уште во 2015 година против Макаби.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…