Дома Трансфер зона Кондогбија: Би платил и 25 милиони евра само да не се вратам во Интер

Кондогбија: Би платил и 25 милиони евра само да не се вратам во Интер

Фудбалерот кој оваа сезона како позајмен фудбалер настапува во редовите на Валенсија со својата последна изјава најдобро објасни како се чуствувал во Милано.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Џефри Кондогбија од кога пристигна во Валенсија како позајмен играч од Интер игра како препороден и успеа да ја врати старата форма.

Проблемот за Кондогбија е што е на позајмица. За да остане во Шпанија Валенсија ќе мора да плати 25 милиони евра, а фудбалерот се плаши дека поради тоа ќе мора да се врати во Италија.

„Не сакам да се вратам, собирам пари за сам да платам 25 милиони, за да не се вратам“, изјави Французинот за кој Интер на Монако му плати 40 милиони, но на „Меаца“ никако не успеваше да го покаже својот квалитет.

„Во Интер за две години се променија пет тренери, секоја година го менуваат тимот. Никако не можеш да се вклопиш и да играш во континуитет. Потребна е стабилност за да продолжиш понатаму, да им веруваш на играчите и тренерот, дури и кога на тимот не му оди“, изјави Кондобија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…