Дома Останати Тенис Кои се тие експерти? За Американците Ѓоковиќ не е во топ 20 тенисери!?!

Кои се тие експерти? За Американците Ѓоковиќ не е во топ 20 тенисери!?!

Aмериканците направија истражување за најдобрите 20 тенисери во историјата, а тоа изгледа смешно затоа што на листата го нема Новак Ѓоковиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да, добро прочитавте не го сместија Ѓоковиќ во топ 20. Истражувањето го направи магазинот „CEOWORD“.

Овој магазин повика група тениски експерти да изберат 20 тенисери и тенисерки кои според нив обележиле еден период во овој спорт, а потоа им дадоа задача на читателите да ги подредат.

Чудно е што тие експерти кои ја правеле листата во групата од 20 тенисери не го сместија Новак Ѓоковиќ.

Федерер, Надал, Сампрас, Лејвер, Граф, Навратилова, Борг, Корт, Еверт, Кинг, Баџ, Агаси, МекИнро, С. Вилијамс, Конорс, Тилден, Емерсон, Лендл, Селеш, Росвел, се тенисерите кои се најдоа на листата.

Зошто Ѓоковиќ не е тука знаат само тие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…