Легендарниот Луис Фиго ги одбра своите фаворити за Мундијалот следната година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што можеше да се очекува, Фиго како два најголеми кандидати ги одвои Шпанија и Португалија. Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, новиот УЕФА советник, коментираше за претстојното Светско првенство во Русија за шпанските медиуми.
Шпанија и Португалија се главни конкуренти поради силата на екипата, но и од чистата мотивација, изјави Фиго.
„Португалија и Шпанија секако се фаворити, не само во групата, туку и во целото натпреварување. Сепак, не смееме да заборавиме дека тука постојат и останатите екипи кои можат да не изненадат. Без сомнение, Португалија ја доби една од најтешките групи, но тие исто така ја имаат и една од најдобрата екипа и мотивација“, изјави Фиго.