Дома Фудбал Кога ќе ја видите разликата помеѓу Роналдо и Фросиноне ќе ве заболи глава

Кога ќе ја видите разликата помеѓу Роналдо и Фросиноне ќе ве заболи глава

Фудбалерите на Јувентус утре играат на гости против Фросиноне во рамките на петото коло од италијанската Серија А.

Јасно е дека Јувентус е голем фаворит во утрешниот дуел и се освен победа за „Старата дама“ би било сензација. Разликата помеѓу Јувентус и Фросиноне е неверојатна, а тоа најдобро го покажуваат финансиите, односно фактот колку само Кристиано Роналдо заработува повеќе од целиот тим на Фросиноне.

Роналдо во Јувентус неделно заработува неверојатни 646,000 евра, а најплатениот играч на Фросиноне, Џоел Кембел годишно заработува 850,000 евра. Италијанските медиуми успеаа да пресметаат дека Роналдо заработува три пати повеќе од целата екипа на Фросиноне.

Роналдо годишно во Јувентус заработува околу 31 милион евра, додека Фросиноне на годишно ниво за плати на сите играчи потрошува 11 милиони. Во оваа пресметка не е вклучено колку Роналдо инкасира од спонзорските договори и бонусите кои се навистина неверојатни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…