Ливерпул минатото лето од Серија А го доведе Мохамед Салах, а италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените“ следното лето повторно би можеле да се засилат од Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, менаџерот на Ливерпил Јирген Клоп е силно заинтересиран во своите редови да го доведе играчот за врска на Наполи, Пјотр Зиелински.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените“ се спремни да испратат понуда од 40 милиони евра за одличниот полски репрезентативец.
Зиелински и во минатото беше на чекор од трансфер во Ливерпул, но го избра Наполи. Полјакот тогаш беше играч на Емполи и сакаше да остане во Италија и додатно да напредува.
Зиелински оваа сезона е еден од најдобрите поединци кај Наполи, па останува да видиме дали италијанскиот клуб е спремен да се откаже од неговите услуги.