Дома Трансфер зона Клоп ја „краде“ германската ѕвезда пред носот на Јувентус

Клоп ја „краде“ германската ѕвезда пред носот на Јувентус

Јулијан Брант е еден од најдобрите фудбалер во Бундес лигата и голема желба на европските гиганти, а посебно привлечен го прави неговата откупна клаузула.

Младиот Германец и оваа сезона игра одлично во Бундес лигата и го привлече вниманието на многу европски, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега еминентните германски медиуми „Билд“ и „Кикер“ пренесуваат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Ливерпул. Јирген Клоп сака да го донесе својот сонардник на „Енфилд“ и веќе го известил раководството да работи на трансферот.

Она што посебно го прави интересен Брант за европските гиганти е што може да го добијат за „само“ 25 милиони евра. Имено, толку изнесува неговата откупна клаузула во договорот кој е со важност до 2021 година.

Пред неколку дена „Билд“ пренесе дека Јувентус е во пол позиција за неговиот потпис и дека веќе работи на трансферот. Меѓутоа, Клоп може да одигра важна улога во одлуката на фудбалерот и да го „украде“ пред носот на „старата дама“.

Брант во актуелната сезона зад своето име на 37 натпревари за Баер има учинок од седум погодоци и 14 асистенции. Кај селекторот Јоаким Лев во репрезентацијата на Германија дебитираше во 2016 година и од тој моемнт е стандарден репрезентативец, дресот на Германија го носеше на 24 натпревари и постигна два гола.

https://youtu.be/O2vHA4aj7bM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…