Дома Фудбал Клоп: Сити немаше среќа, но финале со Реал беше судбина

Клоп: Сити немаше среќа, но финале со Реал беше судбина

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека било судбина да се сретне со Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампиони.

Ливерпул во 2018 година загуби од Реал Мадрид во финалето од ЛШ, а сега ќе има шанса за одмазда на 28-ми мај во Париз.

„Кога го изгубивме тоа финале, идеална ситуација беше да играме повторно против Реал Мадрид. Изгледа тоа е наша судбина“, изјави Клоп.

„Сити навистина немаше среќа, но тоа што го направи Реал беше неверојатно. Тие ги елиминираа ПСЖ, Челзи и Сити. Ако ги победиш овие три тима тогаш сигурно заслужуваш да играш финале“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…