Дома Трансфер зона КЛОП СИГУРЕН: Не ни требаат Алисон и Облак, имам подобро решение за помалку пари

КЛОП СИГУРЕН: Не ни требаат Алисон и Облак, имам подобро решение за помалку пари

Ливерпул најверојатно конечно се откажа од доведувае на голманот на Рома, Алисон.

Тоа се случи поради преголемата сума на пари кој управата на Рома ја бара за својата ѕвезда, а што е неприфатлива за Ливерпул. Покрај тоа, се откажаа и од доведување на Јан Облак, со оглед на тоа што двајца би чинеле повеќе од 80 милиони евра, а тоа е премногу за Ливерпул. Сепак, како што денеска пишува германскиот „Билд“, Јирген Клоп пронајде нова мета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за голманот на Борусија Менхенгладбах и репрезентативецот на Швајцарија, Јан Сомер, кој импресионираше на натпреварот против Бразил минатиот викенд. 29-годишниот голман се смета за еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, во која стигна во 2014. година од Базел за девет милиони евра.

Во својата прва сезона во Бундеслигата во вкупно 38 настапи десет пати ја сочува својата мрежа. Истиот извор наведува дека 26-годишниот голман би можел скапо да ги чини, но сигурно дека би бил поефтин од Алисон или Облак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…