Иако сезоната се уште не е завршена, Јирген Клоп порача дека еден играч може да си замине.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јирген Клоп како што јавно потврди постигнат е договор со Адам Лалана тој да не игра повеќе за Ливерпул. Лалана нема да игра да се спречи ризикот од повреда пред трансфер во друг клуб.
„Од кога сум тука тој беше еден од нашите најважни играчи и му посакувам среќа во продолжение од кариерата. Мислам дека тој е тука веќе легенда, а сега тој статус може да го гради некаде на друго место“, изјави Клоп.
Инаку, 32 годишниот Лалана во Ливерпул дојде во 2014 година од Саутемптон. Во сезоните кои следеа беше еден од најважните играчи на клубот, но со доаѓањето на Салах и Мане го изгуби статусот на првотимец. Сезонава тој забележа само 15 настапи во Премиер лигата.
Претходно името на Лалана најмногу се поврзуваше со Лестер.