Дома Фудбал Англија Клоп: Не ни се потребни засилувања!

Клоп: Не ни се потребни засилувања!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за емоциите кои ќе ги има на утрешниот меч со Челзи, на кој „црвените“ ќе ја добијат шампионската титула.

Клоп истакна дека утре ќе биде еден од најважните денови во неговиот живот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа ќе биде еден од најважните денови во мојот живот, затоа што конечно ќе можам да го подигнам трофејот. Многу сум горд на моите фудбалери. Ова ќе биде специјален подарок за сите нас. Заслужено сме најдобри. Денот ќе биде многу важен, но верувам дека ќе имаме уште така важни денови во Ливерпул“, изјави Клоп, а потоа зборуваше за трансферите.

„Јас сум сосема задоволен од составот со кој располагам. Не ми се потребни засилувања. Моите момци даваат се од себе, мислам дека тоа не може да се купи“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…