Дома Фудбал Клоп на генијален начин направи шоу на прашање за коронавирусот (видео)

Клоп на генијален начин направи шоу на прашање за коронавирусот (видео)

Коронавирусот се шири низ цела Европа и прави проблеми некои земји кога се во прашање одигрувањето на фудбалските натпревари.

Такви проблеми се уште нема во Премиер лигата, меѓутоа тамошмните медиуми стравуваат дека вирусот може да дојде и на Островот.

Поради тоа го прашаа за мислење тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на кого тоа воопшто не му се допадна.

„Она што не го сакам во животот е што за такво важно прашање барате мислење од фудбалски тренер. Не размирам. Вие сте во исто мислење како и јас. Не е важно што велат познатите луѓе, туку стручните луѓе. Тие кои се стручни треба да им кажат на луѓето е правилно да прават. Не разбирам зошто јас? Носам капа и лошо сум избричен“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…