Дома Фудбал Англија Клоп е пресреќен што го врати Фабињо во средината: Таму е еден од најдобрите во светот

Клоп е пресреќен што го врати Фабињо во средината: Таму е еден од најдобрите во светот

Ливерпул вчера го победи Лајпциг со 2:0 со головите на Мохамед Салах и Садио Мане.

Првиот натпревар заврши со идентичен резултат па англискиот тим се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Јирген Клоп е задоволен од исходот, но повикува на внимателност.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Секако дека сакаме да ја освоиме Лигатан а шампионите, затоа и ја играме, но не смееме да се залетуваме. Оваа сезона засега не изгледаме како тим кој може да ја освои. Ќе го почекаме ждребот, но ќе биде тешко кого и да го извлечеме. Добро е што фаќаме континуитет во ЛШ, но имаме проблем во Премиер лигата. Како и да е има доволно натпревари пред нас до крајот на сезоната за да го поправиме впечатокот“.

Бразилецот Фабињо поради повреди најголем дел од сезоната помина играјќи како стопер, но вчера Клоп даде доверба на Озан Кабак и Натаниел Филипс во последната линија, а Фабињо го врати на неговата позиција во средината.

„Цела сезона се надевам дека ќе заигра во средниот ред и дури сега тоа беше можно. Мораме да ги разгледаме опциите во следните натпревари. Него најдобро му одговара позицијата „шестка“, таму е еден од најдобрите во светот“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…