Дома Трансфер зона Клоп го „пикирал“ наследникот на Салах, конкуренцијата ќе биде голема

Клоп го „пикирал“ наследникот на Салах, конкуренцијата ќе биде голема

Многу реакции во англиската јавност предизвикува одолговлекувањето на потписот на новиот договор на Салах со Ливерпул. Дека работите не одат во добра насока потврди и Јирген Клоп во своите изјави пред медиумите, па сега како реална можност изгледа Салах да го напушти „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму поради таквата ситуација во Ливерпул веќе размислуваат и на фудбалери кои би можеле да го наследат напаѓачот. „ЕСПН“ пренесува денес дека желба на Клоп е фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку.

Французинот игра одлично во дресот на германскиот клуб, постигна 15 голови во Бундеслигата оваа сезоан и уште седум во Лигата на шампионите. Освен головите 24 годишниот фудбалер е одличен и во улогата на асистент, Нкунку запиша дури 15 асистенции оваа сезона.

Она што може да биде проблем за Ливерпул е интересот за Нкунку од неколку големи европски клубови, како што се ПСЖ, Реал, Баерн, Јунајтед…Нкунку има договор со Лајпциг до 2024 година и германскиот клуб сигурно нема да го пушти за помалку од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…