Дома Останати Кошарка Клиперси ја декласираа Јута и намалија на 2:1 во серијата

Клиперси ја декласираа Јута и намалија на 2:1 во серијата

Кошаркарите на ЛА Клиперс синоќа ја победија Јута со 132:106.

Клиперси дојдоа до убедлива победа со која намалија на 2:1 во полуфиналната серија во Западната конференција.

Од самиот почеток на натпреварот домашниот тим имаше предност и делуваше подобро на паркетот, што беше јасно дека Јута овој пат тешко ќе стигне до нова победа.

Клиперси после првата четвртина водеа со 27:23, а на полувреме се замина со резултат 64:49 за домашниот тим.

Во продолжение на натпреварот екипата на Клиперси ја одржуваше предноста и на крајот успеаа да дојдат до триумг со резултат 132:106.

Клиперси до прва победа во оваа серија го предводеше Леонард кој имаше скор од 34 поени, 12 скокови и 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…