Холанѓанецот Кларенс Сидорф сигурно ќе остане запаметен како еден од најголемите кои некогаш стапнале на зелениот терен, а сега во хуманитарен натпревар потсети на неговите најдобри денови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во хуманитарен натпревар за помош на настраданите од војната во Украина се одигра ревијален натпревар помеѓу Тим Шевченко и Тим Зинченко. Натпреварот на крајот заврши без победник 2:2, а најубавиот момент го режираше Сидорф.
47-годишниот Холанѓанец постигна вистински еврогол и повозрасните ги потсети на деновите кога беше активен на фудбалските терени. Ќе потсетиме и дека Сидорф е единствениот играч кој во кариерата ја освоил Лигата на шампионите со три различни клуба.
WHAT A GOAL BY CLARENCE SEEDORF! 🙌
— Sky Sports Football (@SkyFootball) August 5, 2023
Rolling back the years ✨
🇺🇦 #Game4Ukraine 🇺🇦 pic.twitter.com/SyZT07jQQA